ДИГИТАЛНО МЕНИ

Безконтактно QR мени

за вашиот ресторан, бар, кафетерија, хотел…

Важноста на Дигиталното мени и зошто секој угостителски објект треба да го има

Со оглед на тоа што сите ние сме повеќе или помалку афектирани од корона вирусот (Covid-19), кој што експресно се рашири низ целиот свет, мораме да научиме да живееме со тоа и соодветно да се адаптираме. Корона вирусот се шири преку заразени површини и тоа ги става угостителите на удар, поради тоа што најголем дел од нивниот инвентар и производи се на допир на бројни посетители секојдневно. Чистењето и дезинфицирањето на дел од тие површини е добра појдовна точка, меѓутоа има едно нешто што е на најголем удар, а тоа е менито. Прашањето е како да се елиминира споделувањето на физичките менија? Одговорот е многу едноставен, со замена на менито со ДИГИТАЛНО МЕНИ! Како и да е, имањето дигитално мени не е само директна последица на Коронавирусот, туку и модерна потреба и има голем број на предности во споредба со традиционалното мени.

Со скенирање на QR кодот, Вашите клиенти веднаш го имаат целото мени достапно на нивниот мобилен телефон.

Кои се предностите на Дигиталното мени?

Намалување на трошоци за печатење

Менијата се предмет на споделување помеѓу гостите во угостителските објекти секојдневно, што предизвикува нивно оштетување. Исто така, постојано се оштетуваат и поради регуларно истурање на пијалоци и храна врз нив, така што истите треба често да се менуваат. Тоа значи дека со имплементација на Дигитално мени, трошоците за печатење значително се намалуваат на подолг рок, а единствено што треба да се испечати е QR кодот и да се постави или залепи на видно место во објектот, како на пример прозор, врата, а најчесто на маса. Но што станува доколку треба промена во менито?

Лесна промена без потреба од повторно печатење

Се што треба да се направи во овој дел е најава во вашиот профил и извршување на промените во рамките на истиот QR код. Да, токму така, QR кодот е динамична форма на код каде што лесно се вршат промени и додавања кога и да посакате. Нема лимит во поглед на тоа колку пати сакате да извршите промени со само неколку кликови.

Понуда на модерно безконтактно решение

Со креирање на Дигитално мени не само што ги штитите вашите вработени и клиенти, туку им нудите и модерно безконтактно решение, коешто е веќе дел од нашето секојдневие (безконтактни платежни картички, безконтактни светлосни детектори и сл.). Со развојот на технологијата, компаниите кои што им ги нудат ваквите решенија на своите клиенти, ќе имаат конкурентна предност пред своите ривали.

Чувајте ги вашите вработени и клиенти безбедни

Како сопственик на угостителски објект, треба да се води грижа како за клиентите, така и за вработените, кои се најзагрозени да бидат инфицирани. Со додавање на Дигиталното мени, вработените и гостите нема да мораат да разменуваат физички менија. Исто така, можете да додадете неограничен број на дополнителни информации за вашите производи и промоции.

Зголемување на интересот кај клиентите преку атрактивни фотографии

Додавањето на квалитетни слики кај физичкото мени знае да биде доста скапо, поради скапата цена на печатење на висококвалитетни слики. Во дигиталното мени може бесплатно да се додаваат неограничен број на висококвалитетни слики, кои ке предизвикаат поголем интерес кај клиентите.

Подигнување на еколошка свест

Безконтактно решение

Скенирај за демо

Digital Menu Pricing Plan

QR МЕНИ

СТАНДАРД
. 2990 ДЕН. / ГОДИШНО
  • Неограничени скенирања
  • Неограничени промени
  • Неограничено внесување на производи
  • Неограничени категории
  • Cloud Решение
  • QR код спремен за печатење

QR МЕНИ

СО СИСТЕМ ЗА НАРАЧКИ
. 4990 ДЕН. / ГОДИШНО
  • Нарачки преку дигитално мени
  • Неограничено внесување на маси
  • Неограничени скенирања
  • Неограничени промени
  • Неограничено внесување на производи
  • Неограничени категории
  • Cloud Решение
  • QR код спремен за печатење

Ви треба промена во менито? Нема проблем – најавете се со вашето корисничко име и лозинка и направете ги сите потребни промени. Истите ќе бидат моментално променети и достапни во рамките на истиот QR код.

Имате ли прашања? Ви требаат повеќе информации?

support@qrmenu.mk

Powered by IGAL Group – Digital Solution for your business

error: