Безконтактно QR мени
за вашиот ресторан, бар, кафетерија, хотел…
Со скенирање на QR кодот, Вашите клиенти веднаш го имаат целото мени достапно на нивниот мобилен телефон.
Менијата се предмет на споделување помеѓу гостите во угостителските објекти секојдневно, што предизвикува нивно оштетување. Исто така, постојано се оштетуваат и поради регуларно истурање на пијалоци и храна врз нив, така што истите треба често да се менуваат. Тоа значи дека со имплементација на Дигитално мени, трошоците за печатење значително се намалуваат на подолг рок, а единствено што треба да се испечати е QR кодот и да се постави или залепи на видно место во објектот, како на пример прозор, врата, а најчесто на маса. Но што станува доколку треба промена во менито?
Се што треба да се направи во овој дел е најава во вашиот профил и извршување на промените во рамките на истиот QR код. Да, токму така, QR кодот е динамична форма на код каде што лесно се вршат промени и додавања кога и да посакате. Нема лимит во поглед на тоа колку пати сакате да извршите промени со само неколку кликови.
Со креирање на Дигитално мени не само што ги штитите вашите вработени и клиенти, туку им нудите и модерно безконтактно решение, коешто е веќе дел од нашето секојдневие (безконтактни платежни картички, безконтактни светлосни детектори и сл.). Со развојот на технологијата, компаниите кои што им ги нудат ваквите решенија на своите клиенти, ќе имаат конкурентна предност пред своите ривали.
Како сопственик на угостителски објект, треба да се води грижа како за клиентите, така и за вработените, кои се најзагрозени да бидат инфицирани. Со додавање на Дигиталното мени, вработените и гостите нема да мораат да разменуваат физички менија. Исто така, можете да додадете неограничен број на дополнителни информации за вашите производи и промоции.
Додавањето на квалитетни слики кај физичкото мени знае да биде доста скапо, поради скапата цена на печатење на висококвалитетни слики. Во дигиталното мени може бесплатно да се додаваат неограничен број на висококвалитетни слики, кои ке предизвикаат поголем интерес кај клиентите.
Подигнување на еколошка свест
Безконтактно решение
KAKO ЌЕ ИЗГЛЕДА ВАШЕТО МЕНИ?
Скенирајте го кодот или
РЕГИСТРИРАЈ СЕ И ДОБИЈ 30 ДЕНА БЕСПЛАТЕН ТЕСТ ПЕРИОД!
Имате прашања? Ви требаат повеќе информации?
info@igal.mk
+389 71 700 070